Chevrolet Spark (со видео) :: Со скромни измени во одбрана на преостанатото

Со скромни измени во одбрана на преостанатото

Со обновен дизајн и збогатена опрема, во Европа заборавениот Chevrolet Spark тргнува во одбрана на пазарните позиции преку Атлантикот
Објавено на 18 април 2018 година

Претставена пред три години, сегашната генерација на Chevrolet Spark доби изменет преден дел со нови светла, триделна маска и поагресивен браник. Хромираните детали му даваат минимална доза елеганција, а профилираната силуета прави да изгледа подинамично. Назад измените се минимални, а во понуда е Activ верзијата со зголемен клиренс и благ теренски изглед. Внатрешноста дизајнерски е облагородена со помеки површини и наизглед поквалитетни материјали. Од опременоста не би се посрамотиле ни поголеми возила. Сите верзии на Spark имаат 10 воздушни перници, клима уред, задна камера и современ инфо-забавен систем. Меѓу безбедносните асистенти се и системите за автоматско запирање во град, за предупредување за напуштање на коловозната лента и друго.

Chevrolet Spark во САД се нуди со 1,4 литарски мотор со 99 коњски сили, со мануелен или CVT менувач по цени кои стартуваат од 13 илјади долари. Лани Chevrolet таму продаде 22.589 примероци од Spark, за 36% помалку од 2006 година.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER