Со љубов, од Кина
Објавено на 21 февруари 2018 година
Кинескиот пазар е побогат за уште еден електричен автомобил – Baojun E100. Но за разлика од другите, зад неговото име стои моќниот General Motors. Се работи се градско возило со електромотор од 29 киловати и автономија од 155 километри. Во каросеријата долга 2,5 метри има место за двајца патници, а за полнење на батериите се потребни повеќе од 7 часа. Се произведува во погоните на SAIC-Wuling, а засега се продава само во неколку градови во кои постојат субвенции за електричните возила. Цената со нив му изнесува сосема прифатливи 5.600 долари, заради што владее голем интерес за него.
видео