Smart – Бара партнери за новиот мини автомобил #2

Модел For Two заврши со производство минатиот месец, но Smart има потреба од партнери за споделување на трошоците

Производството на третата генерација на ForTwo заврши на 28 март. Датумот на лансирање на наследникот на ForTwo, кој треба да се вика #2, е сѐ уште неизвесен бидејќи се бараат партнери за заедничко вложување во новиот електричен мини автомобил. Smart е сега во заедничка сопственост на Geely Group of China и Mercedes-Benz. Пред два месеци започнато е да се работи на нова платформа за да се реализира идниот градски автомобил со две седишта, но неопходни се партнери за да се оствари овој проект.

По разговорите со неколку европски производители на автомобили, вклучувајќи ги Mercedes, Renault и Ineos, Smart одлучи да продолжи сам и во февруари започна да работи на нова посветена архитектура наречена Electric Compact Architecture (ECA). Во годините на својот врв, продажбата на првата генерација, ForTwo само со мотори со согорување достигна 140.000 единици годишно, а нејзините најголеми пазари беа во Јужна Европа. Smart одби да разговара за потенцијалните волумени и датумот на лансирање на #2, но јасно е дека купувачите и дилерите бараат нов модел кој ќе ја задржи традиционалната компактност и маневрирање на ForTwo, но на електричен погон засилен со најсовремена конективна технологија.

Smart би бил единствен електричен двосед во Европа хомологиран како патнички автомобили. Електричните двоседи како што се Citroen Ami и неговите браќа и сестри на Fiat и Opel, како и микроавтомобилите како што е Microlino, се класифицирани како четирицикли, кои треба да се усогласат со помали безбедносни и технички барања. Тоа ќе го направи Smart #2 поскап на пазарот, но јасно е дека ќе има голема предност пред споменатите микро автомобили. Останува уште да се најде стратешки партнер кој ќе инвестира во новиот модел.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER