Најголем досега
Smart некогаш беше мал но повеќе не е – најновиот модел со ознака #5 има димензии кои е невозможно да се поврзат со името на марката. Во бројки изразено тоа значи должина од 4.705 mm и меѓуоскино растојание од 2.900 mm. За споредба, оригиналниот Smart беше долг 2.540 mm од кои 1.810 меѓу оските. Дизајнот кој ги следи веќе познатите стилски елементи е облагороден со панорамски покрив и врати без рамки, додека деталните технички спецификации засега не се објавени. Познато е само дека архитектурата работи на 800 V и дека батериите со капацитет од 100 kWh на брз полнач од 10% до 80% ќе достигнат за 15 минути. Според кинеските норми Smart #5 со полни батерии ќе може да помине 740 km. На возачот на располагање му се низа различни режими за возење – Adaptive, Sand, Snow, Mud и Rock.
Очекувано за возило со вакви димензии модерно обликуваната внатрешност е пространа и функционална. Возачот ќе го дочекаат 10,3 инчна Ultra HD LCD инструмент табла и 25,6 инчен head-up дисплеј, а патниците два 13 инчни AMOLED 2.5К екрани. Најмодерниот гласовен асистент заснован на вештачка интелигенција може да пружи прецизни одговори на скоро секое прашање. Квалитетот на изработката и удобноста се на премиум ниво, седиштата се опремени со греење и масажа. Амбиенталното осветлување е со 256 бои, а атмосферата ја одржува Sennheiser Signature аудио систем со 21 звучник. Во внатрешноста се среќаваат дури 34 места за ситници, а во багажникот о има штекер за напојување надворешни уреди.
Цените не се објавени, а на европските купувачи ќе им биде достапен на почетокот на наредната година.