Smart: Прва марка која преминува на електричен погон

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Прва марка која преминува на електричен погон

Објавено на 10 септември 2019 година

Со кинеска помош, Smart целосно се трансформираше и својата понуда во иднина ќе ја базира исклучиво на електричен погон. Веста не е нова бидејќи е најавена уште лани, за оваа пролет да биде поддржана со договор за издашно финансиско и техничко учество на Geely кој ќе биде задолжен за производство на новите модели на марката, кој за возврат доби 50% учество во сопственоста. Првите резултати од соработката се на повидок – изложеното во Франкфурт е само најава за она што допрва треба да следи, а вистинските информации сé уште се на хартија, за жал скриени во нечија фиока. Засега е познато само дека продажбата на Smart – кој и да е – со мотор со внатрешно согорување згаснува и се отвора пат кој заеднички ќе го поминуваат Daimler и Geely. Германците ќе бидат задолжени за дизајнот, а за сé останато Кинезите. Иако оваа вест е доста значајна за иднина на марката, да не кажеме воопшто за нејзиното постоење, не се слушна ниту збор за тоа кога и по која цена ќе се појават на пазарот првите модели на Smart создадени според новите правила за нивно постоење.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER