Освежување овој месец
Ова се првите детали
објавено на 8 мај 2019 година
Поминаа повеќе од четири години од претставувањето на третата генерација на Superb, така што Škoda повеќе не може да чека. Освежената чешка лимузина ја очекувавме во Женева, но сепак беше одлучено премиерата да биде на IIHF светското првенство во хокеј што овој месец се одржува во Братислава. Со ова уште еднаш е потврдено дека производителите на возила сé повеќе се свртуваат кон разни други настани за своите премиери оставајќи ги настрана салоните на автомобили кои полека одат во историјата.
Сепак, да се вратиме на Superb, чија прва скица покажува дека предниот браник е редизајниран, а светлата и маската останаа верни на дизајнот на актуелната генерација. На задниот дел би требало да доминираат хромираниот натпис на моделот и поврзаните светла. Најмногу новости треба да има во внатрешноста каде ќе се вградува нов инфозабавен систем со нови екрани и можности за поврзување. Уште една новост е дека Superb по прв пат ќе добие plug-in хибриден погон, веројатно истиот како и во Passat GTE.