Чешкот дуо, хечбекот Scala и компактниот кросовер Kamiq добија освежен дизајн и преставени се во Македонија
Škoda стана еден од најпродаваните марки на македонскиот пазар. Пристапноста и ценовната избалансираност се главните фактори што го направија овој бренд да биде еден од најпосакуваните возила кај нас. Во духот на промените, суптилни, но значајни, Škoda бележи значаен раст на светскиот пазар. Хечбекот Scala доби редизајнирана решетка на ладилникот, предни и задни светла и браници што го истакнаа динамичниот карактер и ја одвојуваат новата Scala од кој било друг автомобил.
Внатрешноста на Scala е добро обновена со три нивоа на опременост и вкупно шест опции за внатрешни детали. Škoda Kamiq, слаткиот кросовер на чешкиот производител, доби значително освежување.
Покрај новата технологија, претставен е и новиот, моќен дизајн кој го нагласува робусниот карактер на овој урбан воин. Предниот и задниот браник се редизајнирани, а Kamiq добива впечатлива нова предна маска и нови светла. Во својата внатрешност, новиот Škoda Kamiq, дури и основниот модел има дигитална инструмент табла 8 инчи како стандард и 10,25 инчи како опција.
Клиентите можат да избираат од три нивоа на опременост и вкупно шест дизајни на внатрешност. Kamiq има економични 1.0 и 1.5 TSI мотори од генерацијата evo2 под хаубата и автомобилот може да биде опремен со навистина модерна технологија. Сега стандардно доаѓа со низа системи за помош при возење. Продажбата на новите Scala и Kamiq веќе започна. Повеќе информации можете да добиете во салонот на Škoda или посетете на web страницата www.skoda.mk.


