Škoda Octavia – Македонска премиера

На низата премиери што ги имаше годинава Škoda во Македонија се придружи и најпродаваниот модел на куќата

Octavia е најпродаваниот модел на Škoda бележејќи повеќе од 7 милиони продадени примероци. Освежувањето направено на четвртата генерација е во функција да се заджи актуелноста на моделот.

Редизајнирана е маската на ладилникот, обновени се предниот и задниот браник како и нови предни LED Matrix светла од втората генерација. Ревидирани се и задните LED светла со анимирани индикатори и нови дизајни на алуминиумските тркала.

Структурата на новаta гама се состои од четири нивоа на опременост – Essence, Selection, Sportline и RS и нуди девет дизајнерски селекции за внатрешноста. Во внатрешноста се применети одржливи материјали, задржан е 10 инчниот дигитален кокпит додека новост е 13 инчниот дисплеј за инфозабавниот систем, додека четботот ChatGPT со вештачка интелигенција е интегриран во гласовниот асистент Laura.

Дополнителните системи за безбедност и помош ја подобруваат активната и пасивната безбедност, а новата структура на опсегот обезбедува дополнителни опции за индивидуализација. Новата Octavia нуди бензински и дизел мотори. Листата започнува со 1.5 TSI и 2.0 TDI, и двата со 116 КС. Следува 1.5 TSI со 150 коњи потпомогнат од 48 волтен хибрид и DSG. Дволитрените TSI добија поголема моќност.

Едниот сега има 14 коњи повеќе, вкупно  204, а оној за Octavia vRS сега испорачува 265 КС што е зголемување во однос на претходната генерација за 20 КС. Најсилниот дизел има 150 коњи. Во понудата остануваат мануелниот шест и седум степениот DSG менувач, а погон на сите тркала е сериски само во верзијата со мотор 2.0 TSI со 204 коњи.

Хечбек верзијата со бензинскиот 1,5 TSI и DSG менувач ќе чини 27.130 евра, додека дволитрениот TDI со мануелен менувач од 26.940 евра. Она што е интересно за овој модел е што караванската изведба Octavia Combi е омилена кај клиентите, со повеќе од 60% од вкупната продажба на моделот во последните четири години. Нејзината почетна цена е за 1.500 евра повисока од адекватно опремениот хечбек модел.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER