Сместен во старите погони во Млада Болеслава, музејот на Škoda веќе три децении е дом на историјата, наследството и иднината на марката
Škoda е еден од најстарите автомобилски производители во светот, но нејзиниот музеј е еден од помладите – отворен е во 1995-тата, кога марката прославуваше сто години од основањето. И покрај тоа тој до денес привлече повеќе од четири милиони посетители на кои им ја претстави богатата историја но и визијата за иднината на Škoda. Сместен е во старата зграда на фабриката во Млада Болеслава покрај главните погони и располага со изложбен простор од 1.800 m² поделен на повеќе секции, со посебни простории за чување на спортските автомобили и прототипи, кафе ресторан и продавница за сувенири. Изложени се шеесетина експонати – автомобили, мотоцикли, велосипеди, а се организираат и тематски изложби.
Влезницата чини 100 чешки круни (околу четири евра) а работното време е секој ден од 9 до 17 часот.


