Видео – Bentley Bentayga Speed

Bentley одлучи да го освежи гломазното спортско-корисно возило Bentayga и да го направи најбрз досега. Суфиксот Speed секогаш асоцирал на брзина, а со право го носи затоа што достига максимални 320 км/ч. Подобрените перформанси се должат на низата технички интервенции и новиот V8 би-турбо мотор со 641 кс.
Возевме – Opel Grandland 1,2 MHEV 6e-DTC GS

Opel Grandland во својата нова генерација доби ревизија на благиот хибриден систем. На прв поглед ништо спектакуларно, но извозените 480 километри со него покажаа дека подобрувањата се значајни. Покрај стегнатиот изглед на предницата благодарение на Vizor маската, освежен е задниот дел, на кого интервенцијата со воведувањето на светлосен испис на марката внесе силна емотивна нота. […]
Škoda Motorsport – Concept Enyaq RS Race

Инженерите на Škoda развија целосно електричен тркачки автомобил близок по однесувањето на Škoda Fabia RS Rally2. Тркачката ДНК на Škoda и ригорозните барања на мотоспортот продолжуваат да ги поместуваат границите на техничките иновации. Развојот на првиот Enyaq RS Race започна во 2023 година, по што следеше неговата светска премиера во октомври 2024 година. Кај новиот Enyaq […]