Škoda Kosmiq (со видео) :: Пристигнува новиот мал SUV од Škoda!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Пристигнува новиот мал SUV од Škoda!

Новиот чешки кросовер ќе ја има својата премиера во Женева, со истата платформа како и VW T-Cross
Објавено на 17 јануари 2019 година

Можеби ќе се вика Kosmiq можеби не, но сигурно е дека ќе ја засили понудата на Škoda во SUV-сегментот. За новиот мал чешки кросовер и досега ни беа познати некои детали, но ниту оддалеку за да нешто процениме за него. За жал информациите и сега изостануваат, иако со доближувањето на неговата премиера закажана за салонот во Женева е јасно дека ќе биде хит на пазарот. Ќе ја има Volkswagen-овата платформа искористена за братските T-Cross и Arona, а дизајнот треба да го наследи од концептниот Vision X. Од објавеното видео се забележува дека ќе се разликува од Kodiaq и Karoq со двата реда светала – хоризонталните ЛЕД дневни горе и главните под нив. Освен атрактивноста, од Škoda ветуваат дека ќе има и други особини со кои ќе ги освојува купувачите – можеби и со хибридната верзија чиј бензински мотор ќе биде задвижуван со природен гас. Освен неа, тешко е дека ќе има погон на сите тркала, но за вистината сепак ќе мора да почекаме до почетокот на март.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER