Škoda – Kodiaq

насловна Новитети

Збогатен изглед, засилен карактер

Комерцијализацијата на успешното теренско првенче дури од јули

објавено 13. април 2021

Кога го претставија на јавноста 2016 г. Чесите беа умерени оптимисти. Тие знаеа дека имаат добар производ но имаа доза на резерва поради реакциите на пазарот.

Денеска сосема поинаку стојат работите. На претставувањето на освежената генерација на гломазното спортско-корисно возило Kodiaq тие беа самоуверени и најавија дека бројката од 600.000 досега продадени примероци ќе биде надмината. Сега настапот е проследен со емотивен дизајнерски јазик, висок квалитет на изработка и вредноста за парите. Димензиите останаа исти, 4,7 метри должина е доволно да се сместат три реда седишта од кои два може да се спуштат и да се добие импресивен простор за товар од 2.065 литри. Се работи за забележливо затегнување на брчките со кое сега Kodiaq делува не само подмладено туку и атрактивно. За тоа најмногу придонесувааат новите LED Matrix светла. Секако дека не е само тоа. Испод каросеријата се криe, исто така, врвна техника на групацијата VW, но изоставена е електрификацијата.

Моќната верзија RS има нов мотор од фамилијата TSI. Сега тој испорачува 245 коњи, а во исто време е полесен дури за 60 килограми од досега нај јакиот мотор во Kodiaq, би-турбо дизелот, од кого воедно посилен за пет КС. Новиот 7 степен DSG ослабе за 5,2 килограми, па целиот склоп многу полесно одговара на забрзувањата, но и економичноста. Во понуда остануваат веќе познатите два TSI бензинци со зафатнина од 1,5 и два литри од 150 и 190 коњи. Традиционало во понудата останува дволитрениот TDI во верзии од 150 и 200 коњи. Според првичните планови, кај нас обновениот Kodiaq треба да пристигне во септември додека цените би требале да останат на исто ниво, но зависат од опременоста.