Škoda Fabia – Simply Clever

насловна Новитети

Како во аптека!

На престојното деби Fabia ќе се претстави со нови пет „едноставно умни“ решенија

објавено 10. август 2021

Зголемувањето на каросеријата и користењето на основата и техниката од VW не се единствените предности што ги нудат Чесите. Тие се познати за искористување на практичниот простор со едноставни, но функционални решенија со кои дребулиите во кабината и багажникот ќе бидат стокмени како во аптека.

 

Во новата Fabia, Škoda инкорпорирани се постоечки и нови солуции за функционалноста на внатрешниот простор. Покрај отстранливиот држач за чаши помеѓу предните седишта, стругалката за мраз во вратичката за полнење гориво со мерна скала за проверка на шарата на гумата, држач за паркинг билет на А-столбот или чадорот во возачката врата додадени се нови пет.

Преградата за складирање на страничниот ѕид на багажникот може да се извлече доколку е потребно. Патниците одзади можат безбедно да складираат мали делови во кутија поставена централно која точно се вклопува помеѓу централната конзола и клупата на задното седиште.

Место на дното на предната арматура се најде за прицврстувач со еластична лента како држач за пенкало. Но, исто така, некои детали од повисоката серија модели на Škoda сега се достапни за прв пат во новата Fabia.

 

Тука спаѓаат мултифункционалниот џеб под капакот на багажниот простор како полица за палта и јакни, индуктивно полнење на паметни телефони, преклопен потпирач за грб на седиштето, светла за читање во задниот дел или џебови за паметни телефони на потпирачите за грб на предните седишта.

Достапен е и заштитник за праг за полнење, кој може да се преклопи кога задната врата е отворена и, благодарение на рефлектирачките ознаки, нуди поголема безбедност додека возилото е на полнење. Сите наведени карактеристики се дел од дополнителната опрема.