Škoda Fabia Monte Carlo – Инспирирана од минатото (видео)

Во спортски стил

објавено на 17 февруари 2022

Откако стана јасно дека Škoda нема да ја понуди ниту новата Fabia во RS издание, спортското освежување на нејзината гама пристигна со Monte Carlo изведбата. Лесно е препознатлива по црните детали како што се предниот спојлер, маската, ретровизорите, праговите, и долниот дел на задниот браник, а опционално и предните и централните столбови и покривот. Можеби изгледа малку, но тоа беше сосема доволно Fabia со дискретен спортски стил вкусно да се разубави. Визуелниот пакет е заокружен со изборот на тркала со димензии меѓу 16 и 18 инчи, а со механички корекции се зафатени само ослонувањето кое е спуштено за 15 милиметри и резервоарот за гориво зголемен на 50 литри.

Во внатрешноста преовладува црната боја со црвени елементи, а седиштата се спортски со интегрирани наслони за глава. Во стандардната опрема спаѓаат амбиенталното LED осветлување, 9 воздушни перници и мултимедијален систем со дисплеј од 9,2 инчи со интегрирана СИМ картичка. Една од најинтересните опции е виртуелниот кокпит со дигитална инструмент-табла, а сигурни сме дека некого ќе го интересира и сабвуферот сместен во багажникот. Моторната понуда освен најслабиот агрегат е преземена од стандардната Fabia, што значи дека на купувачите ќе им биде на располагање со моќност меѓу 80 и 150 коњски сили. Мало разочарување е петстепениот мануелен менувач за послабите верзии, додека топ изведбата стандардно доаѓа со седумстепената DSG трансмисија со двојна спојка. Со неа Fabia Monte Carlo ќе забрза до сто километри на час за 8 секунди и ќе стине до сосема солидни 225 километри на час.

Продажбата ќе започне во наредните месеци, а цените се не познати.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER