Што празник ќе беше?!

Top News Македонија

Дизелот поевтини, и тоа многу

Нит’ е 8 септември, нит’ 11 октомври, а и изборите се далеку…

објавено на 20 септември 2021

Регулаторната комисија за енергетика, како што само таа може и умее, донесе одлука за новите цени на горивата со која се одредува дизелот да поевтини, и тоа за многу, а бензинот не. Зошто, не прашувајте. Всушност можете да прашате и ќе добиете одговор бидејќи тој од нивна страна веќе однапред е подготвен и се повикува на намалувањето на акцизите, ама зошто кога нема потреба од тоа. Она што е важно е дека од утре оние кои трошат дизел ќе плаќаат по 62 денари за литар, а оние на бензин истите 73 односно 75 денари, до наредната недела.