Сеул – полнење само до 80%

За поефикасно користење на полначите

Градските власти на јужнокорејската престолнина одлучија да го ограничат полнењето на батериите на електричните возила на максимум 80 отсто од капацитетот за да се скрати времето кое тие го поминуваат приклучени на полначите. Имено, за да се зачува трајноста на батериите и заради заштита од нивно прегревање а со тоа и можноста за настанување пожари, колку процентот на наполнетост на батериите е поголем толку се намалува моќноста на струјата што полначот ја испорачува и полнењето на последните проценти е далеку побавно. Затоа и според новите правила полначите автоматски ќе се исклучуваат кога батериите ќе достигнат 80 отсто. Оваа мерка ќе биде применета на вкупно 400 брзи полначи од 100 киловати.

Инаку Сеул важи за град со една од највисоката густина на станици за полнење електрични возила во светот – според податоците таму има преку 40 илјади полначи, односно на секое електричнo возило по 0,66. Или, поинаку кажано, на три електрични возила на располагање им се два полначи.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER