Rolls-Royce во чест на 100-годишнината од појавувањето на првиот Phantom креираше специјална едиција
Како што доликува на ваков јубилеен модел кај него сé е доведено до перфекција. Ќе биде понуден на 25 купувачи кои во внатрешноста ќе откријат мотиви од славната историја на овој легендарен автомобил. Покрај со филигранската прецизност таа се истакнува и со огромна количина луксуз и користење доста злато. Со идеја да се обедини духот на сите осум генерации на Phantom предните седишта ласерски се украсени со гравури кои ги одразуваат техничките аспекти низ децениите.
На централната конзола се наоѓа уметничка инсталација од алуминиумски ламели со цитати и наслови од новинарски текстови. Со користење на златни ливчиња дрвените панели на вратите се исцртани со мапи и пејсажи на некои негови историски патувања. Импресивен е и покривот на кој рачно се зашиени 440.000 светлосни точки.
Двобојната каросерија со бисерен сјај добиен со додавање стаклен прав при завршното лакирање евоцира на целовековната елеганција на овој модел а симболот на марката летечката лејди е направен од чисто злато. Скапоцениот метал е користен дури и за украсување на моторот. Сé на сé за изработка на овој ултраексклузивен автомобил се потрошени преку 40.000 часа работа.




