Rolls-Royce La Rose Noire Droptail
(фото-галерија, видео)

Чини колку средновековен замок

После Sweptail и Boat Tail, Rolls-Royce претстави уште еден специјален автомобил

Предвиден е да биде направен во четири примероци, за четворица специјални клиенти. Ова е првиот наречен La Rose Noire, воедно и првиот родстер на ултралуксузната марка во модерните времиња. И не, не е електричен – го има познатиот 6,75 литарски V12 мотор, за него со 593 коњски сили. Од другите „нормални” спецификации ќе кажеме дека има посебна за него монокок шасија направена од челик, алуминиум и јагленородни влакна, дека е долг 5,3 и широк 2 метра, дека има тркала од 22 инчи и тврд покрив кој може да се извади. Другото сé е за филигранската работа.

Бојата му се состои од основен премаз во комбинација со пет слоја прозирен лак измешани со различни црвени нијанси. За добивање на оваа сложена боја која под сенка изгледа скоро црна а на сонце има бисерно црвен сјај беа потребни повеќе од 150 прецизни итерации. За внатрешноста не може да се каже ништо друго освен дека е уметничко дело бидејќи содржи 1.603 триаголни парчиња црн дрвен фурнир кои создаваат мотив на листови од роза што паѓаат. За да се изработи беа потребни повеќе од девет месеци.

По нарачка на мистериозниот купувач автомобилот има интегриран Audemars Piguet часовник, кој со притискање на копче може да се извади и со ремче носи на рака. Има и сандак за шампањско кој се разладува, направен од црн елоксиран алуминиум и карбон. Има уште многу што, но тоа ќе го знае само неговиот сопственик кој за ова парче модерна уметност има платено како за средновековен замок – не е објавено точно колку, но се шпекулира со 25 милиони фунти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER