РКЕ – горивата повторно поскапуваат

Вести Македонија

На полноќ цената на горивата расте

објавено 01. март 2021

Со новата одлука на РКЕ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 56,00 ден/лит. Најголемо поскапување бележи малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 која се зголемува за 1,50 денар/литар, односно малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,50ден/лит.