Renault – комерцијални возила

насловна Новитети

Темелно обновување

Во еден здив промовирани се два модели и четири основни изведби

објавено 26. март 2021

Renault на европската сцена на комерцијални возила припаѓа на големата четворка која го формира и предводи пазарот. Своето место го обезбедува со новите три модели кои не ги кријат оправданите амбиции. Нив ги предводи новиот Trafic достапен во изведби Passenger, за превоз на повеќе патници, или SpaceClass, за превоз на VIP клиенти.

Надворешноста делува помоќно додека интериерот е обновен и оптимизиран, понудата на мотори е зголемена. Внатрешноста е современа и исполнета со задолжителните инфотејмент систем и асистенти на возачот. Двете изведби на Trafic достапни се со два Blue dCi мотори опремени со Stop & Start и ја исполнуваат нормата Euro 6D. Предвиден е и автоматски менувач со две спојки.

Покрај претставувањето на новата генерација на Kangoo работната гарнитура на Renault ја претстави товарната верзија Renault Express Van кој се произведува во фабриката во Танжер, Мароко. Го одликува динамичен и робусен дизајн во склад со остатокот на понудата. Неговите димензии овозможуваат едноставна манипулација на товарниот простор чии 1,91 метар се најдолги и 3,7 м3 се најголеми во сегментот. Задвижуван од два 1,5 литрени Blue dCi мотори со 75 и 95 коњи. Бензинскиот 1,3 литрен турбаш не е предвиден за овој дел од континентот.