Враќање на легендата
Исто како и пред две години групацијата Renault во Париз уште еднаш настапи како свој на своето, со комплетна постава на сите свои марки. Распослани на пет илјади квадратни метри на пет штанда, тие подготвија седум светски премиери и два концепта. Сакајќи да се претстави како најпрогресивен европски производител, матичниот Renault ги собра своите најсовремени технологии во неколку интересни новитети кои треба да се справат со предизвиците пред кои се наоѓа иднината на автомобилската индустрија.
Својата трансформација францускиот производител на продолжува со реинкарнацијата на Renault 4. Враќањето на легендата е одбележано со нејзиниот електричен погон, но и со бројни стилски и практични детали кои покажуваат зошто некогаш многу порано Renault продаде повеќе од осум милиони автомобили од овој модел. Современиот негов наследник беше најавен со ексцентричен концепт кој сепак верно покажа каков ќе изгледа серискиот модел. Тоа во основа покажува дека идејата за наново создавање на Renault 4 беше јака, заради што и реакциите сега се исто такви. Во духот на новото време концепциски ќе кажеме дека е кросовер верзија на наново родениот Renault 5, со кој освен механиката нема многу што заедничко. Со својата кутиеста каросерија изгледа доста практично, а згоден детаљ е и електрично задвижуваниот платнен покрив.
Дизајнерски гледано францускиот производител се има потрудено да ги евоцира класичните линии на оригиналот во облик на заоблените предни светла сега со модерна ЛЕД технологија, а слично нешто е направено и со задните светла кои се вертикални и триделни. Внатрешноста изгледа веќе видена бидејќи главно е презедена од Renault 5, а заради должината од 4,14 метри багажникот е поголем и располага со 420 литри. Меѓуоскиното растојание од 262 cm обезбедува повеќе простор за нозете на патниците назад. Покрај дигиталната инструмент табла и централниот екран, најдено е место и за нешто физички копчиња што во денешницата не е секогаш случај.
Сместен според габаритите меѓу Clio и Captur, препородениот Renault 4 е поставен на тркала од 18 инчи кои визуелно одлично се вклопуваат во висината од 1,57 метри и клиренсот од 18 сантиметри. Ослонувањето е независно мултилинк на двете оски, а погонските агрегати располагаат со 120 или 150 KS. Со посилниот на новиот Renault 4 e-Tech му требаат помалку од осум ипол секунди да постигне 100 km/h. Достапни се две големини на батериите – од 40 и 52 kWh, за кои во Renault ја проценуваат максималната автономија на 300 односно 400 километри. Можат да се полнат на само 100 kW, но значајно е и тоа дека возилото подржува двонасочен проток на енергијата и може да послужи за напојување на надворешни уреди.
И уште нешто – новиот Renault 4 тежи едвај 1.410 килограми. Во продажба ќе се најде идната година, а цените не се познати.