Renault » Затворање на фабрики, скоро 15.000 откази, збогување со Кина…

Top News Вести Занимливости

Затворање на фабрики, скоро 15.000 откази, збогување со Кина…

Објавено на 1 јуни 2020 година

Франција полека ги олабавува корона-стегите, но проблемите допрва започнуваат. Барем за работниците на Renault на чии фабрики сé уште докрај неотворени повторно им се заканува затворање, овојпат заради финансиски причини. Имено за да ја преброди кризата Renault побара пет милијарди евра државен заем, за кој да може да го врати во наредните три години треба да заштеди две милијарди евра. А тоа добро знаеме, се прави со отпуштање работници и затворање на фабрики. Оваа судбина се смета најизвесна за малата фабрика во Диеп каде се произведува Alpine A110. Нејзиниот опстанок и без корона-кризата беше дискутабилен, бидејќи од овој спортски модел Renault досега нема продадено ни седум илјади примероци. Поголема опасност претставува планот за ставање клуч на фабриката во Флинс, која е најстара и најголема во групата. Таа веќе го загуби производството на Clio кое е преселено во Словенија и Турција, а во моментов место електричниот Zoe и Nissan Micra таму се прават заштитни маски. Слична судбина им претстои и на уште две други фабрики во кои се произведуваат компоненти. Паралелно ќе се крати и гамата во која во иднина ќе нема место за помалку профитабилните модели, како што се Scenic, Espace, Talisman и Koleos. Но на списокот за принудно пензионирање се најде и Megane, за кој се кројат планови да биде заменет со кросовер заеднички направен со Mitsubishi. Колку и да звучи ова драстично сепак треба да се знае дека ако не успее да се извлече од кризата, на Renault му се заканува национализација. Неговите акциите од нова година наваму паднаа за 60 отсто и вредноста на компанијата сега изнесува скоро колку кредитот што го бара. А за да го добие, државата која е сопственик на 15% го условува не само да ги задржи фабриките туку и во нив да произведува повеќе технички напредни и електрични возила, за што повторно се потребни многу пари.

Планот на Renault за излегување од кризата содржи 4 главни и 16 потточки и опфаќа скоро 15.000 откази, намалување на производството за дваесетина отсто, напуштање на кинескиот пазар на возила со мотори со внатрешно согорување и продажба на својот удел во заедничката команија на кинескиот парнер, одложување на планираните проширувања на капацитетите, делување во рамки на алијансата на нови основи…

клучни зборови: