Не помина ни еден месец а Range Rover претстави уште еден електричен член на своето семејство
Не му беше ниту тешко, ниту напорно – ја дели механиката со својот поголем брат без Sport во ознаката. Ги дели и истите карактеристики – претставува спој на луксузот и перформансите кои му ги обезбедува електричната технологија. Силата, агилноста и префинетоста се обединети на начин кој не признава компромиси.
Иако Британците велат дека е нов тој по ништо не се разликува од досега достапните модели, но сепак зад препознатливата форма се крие покрута каросерија, пониско тежиште и побрзи реакции. Способноста за совладување на сите терени се подразбира. Двата електромотора со вкупно 550 KS и 850 Nm вртежен момент инстиктивно покажуваат што можат. Со бројки изразено тоа значи забрзување до 100 km/h за само 4,5 секунди, идентично како стандардната V8 верзија.
Напредните системи и управувањето на сите тркала овозможуваат прецизна контрола во свиоците и при возењето надвор од асфалт. Интелигентното ослонување обезбедува стабилност и безбедност дури и на нагиби од 45 степени и при проаѓање низ вода длабока 90 сантиметри. Своите способности Range Rover Sport Electric ги докажа за време на екстремните тестирања. За комфорот што го нуди не треба да трошиме зборови додека автономијата изнесува 609 km според WLTP. Благодарение на архитектурата од 800 V, батериите за 10 минути ќе се дополнат за поминување 220 km.
Цената во Велика Британија е поставена на 110 илјади фунти а во Германија на 120 илјади евра.




