Range Rover Electric – нова ера на луксузниот теренец (видео, фото-галерија)

Пристигна првиот електричен Range Rover

Легендарниот британски производител на теренски возила уште еднаш направи голем пресврт во својата историја – го претстави првиот електричен Range Rover. Не сакајќи да го позиционира само како електричен теренец со нивниот амблем туку како вистински Range Rover со поинаков вид на погон, компанијата визуелно скоро и да не го одвои од неговиот брат со конвенционални мотори. Разликите се тешко забележливи што и беше намера – основната силуета и препознатливиот минималистички изглед останаа скоро нечепнати. Измените главно се однесуваат на аеродинамички оптимизираните маска и тркала, со цел намалување на отпорот на воздух и зголемување на автономијата.

Range Rover Electric го задвижуваат два електромотора што заеднички испорачуваат 550 KS и 850 Nm вртежен момент кој целосно ангажиран ќе го забрзува до 100 километри на час за 4,3 секунди. Неговиот пакет батерии со корисен капацитет од 118,5 kWh е составен од 344 ќелии и работи на 800-волтна архитектура. Според WLTP стандардите автономијата достигнува до околу 600 километри, но Range Rover признава дека во реални услови треба да се очекуваат приближно 535 km. На доволно моќен полнач батериите од 10 до 80 отсто од капацитетот ќе се дополнат за 22 минути.

Електрификацијата не значеше откажување од особините по кои Range Rover е познат. Новиот систем за управување со погонот може да реагира за само 50 милисекунди. Може да помине низ вода длабока до 90 сантиметри, а Single Pedal режимот овозможува доста прецизно контролирање на возилото на тежок терен. Тоа може да тргне на нагорница од 33 степени, а способно е во возење да совлада и 45 степени. Ниското тежиште и двокоморното воздушно ослонување истовремено го подобруваат и однесувањето на асфалт.

Производството останува во Солихал во Велика Британија. Range Rover Electric веќе може да се нарача на британскиот пазар каде цената стартува од 154.000 фунти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER