Новиот купе кросовер Renault Rafal ги маѓепсува естетите и вљубениците на хибридниот погон
Најновиот производ на Renault влече длабока паралела со минатото на марката. Имено, Renault е светски позната марка за возила, но во својата историја, на почетокот на 20. Век Renault имаше врска со авијацијата.
Тогаш Renault произведуваше мотори со внатрешно согорување за автомобили, но и за возови и авиони. Во 1933 година, Renault презеде друг производител, Caudron, и така се роди Caudron-Renault. Сите нивни авиони биле именувани по познатите ветрови. Така C460, тркачки едносед дизајниран да соборува брзини рекорди, беше преименуван во Rafale во 1934 година.
Светската премиера се случи на 54-тиот саем за воздухопловство минатиот месец кој се одржа на аеродромот Ле Бурже (Le Bourget) во близина на Париз. Таму купе кросоверот од сегментот D ги освои симпатиите на присутните. Rafale ја комплетира гамата на модели на Renault придвижувани од хибридeн погон E-Tech базирани на платформата CMF-CD.
По спортско-корисните возила Austral со 5 седишта и Espacе со 5 или 7 седишта, новиот член на семејството е целосно новиот модел Rafale позициониран во сегментот D. За сега можеме само да кажеме дека, на прв поглед, Rafale, ги исполнува очекувањата, а повеќе детали ќе имаме по неговото тест возење закажано за следниот месец.
До тогаш, можете и самите да се уверите во неговата појава во салонот на увозникот Аутомотив Груп.


