PSA и FSA се здружуваат!

PSA и FSA се здружуваат!

Објавено на 31 октомври 2019 година

Групациите PSA Peugeot Citroen и Fiat Chrysler Automobiles официјално потврдија дека постојат тековни дискусии што може да доведат до нивно здружување. Гласините за вакво нешто се појавија пред неколку месеци, но тогаш изгледаа само како „ехо“ на пропаднатите преговори што FCA ги водеше со Renault. Сега ситуацијата е поинаква и доколку успеат да најдат заеднички јазик, ќе биде создаден нов, еден од најголемите автомобилски конгломерати во светот. Во краткото соопштение PSA објави дека, цитираме: „По неодамнешните извештаи за можна деловна комбинација со FCA групата, PSA потврдува дека тековните дискусии имаат за цел создавање на една од водечките светски автомобилски групи“. Неколку часа подоцна и FCA го потврди истото, изјавувајќи дека тие немаат што да додадат. А според споменатите претходни извештаи матичната компанија на Peugeot, Citroen, DS, Opel и Vauxhall се приближуваше до FCA претходно оваа година, но тие наводно ја одбиле првичната понуда бидејќи во тоа време Fiat Chrysler веќе разговараше со Renault.

Доколку се оствари идејата и двете компании ќе имаа корист од здружувањето, не само заради споделувањето на трошоците за развој и производство туку и заради можноста дополнително да го прошират своето делување со што ќе станат уште поголеми глобални играчи бидејќи производствените програми во добар дел не им се преклопуваат. Минатата година тие заедно продадоа 8,7 милиони возила, бројка што ќе ги смести на четвртата светска позиција, пред General Motors и зад Toyota, алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и групата Volkswagen. Заштедите при заедничките набавки и поефикасното искористување на производствените капацитети се подразбираат, а плус на тоа FCA би можел да помогне на PSA во повторното освојување на американскиот пазар, додека Французите пак на FCA да стигне до поцврсти позиции на кинескиот.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER