Црвено и зелено, без жолто
На денешен ден пред точно 110 години во Кливленд, Охајо, беше поставен првиот електричен семафор. Во тоа време сообраќајот на улиците низ Америка беше во хаос. Само Ford месечно продаваше по 20.000 автомобили кои низ крстосниците поминуваа според правилото кој е поголем има предност. Припитомувањето на градските гужви беше на грбот на полицијата, затоа и не чуди што токму полицаец го има измислено. Имаше облик на куќарка за птици и само црвено и зелено светло, чие менување ги најавуваше звучен сигнал. Семафорот како уред за регулирање на сообраќајот е доста постар и датира од 1868 година од Лондон и функционираше на гас. Но по само еден месец работа експлодираше, по што идејата беше заборавена. Повторно се роди со замавот на електрификацијата на градовите, овој пат во Америка.


