Прв независен европски тест за електрични возила

Прв независен европски тест за електрични возила

• AutoBest, во соработка со шпанскиот on-line медиум coches.net и Circuit de Barcelona-Catalunya, тестираше 10 електрични возила кои се во продажба во Европа за да се провери нивната вистинска автономија. Автомобилите во околината на Барселона ги возеа професионални новинари
• Поголемиот дел од тестираните модели ја постигнаа хомологираната автономија според новата WLTP легислатива која покажа колку новата процедура е блиску до реалната
• Моделите на Tesla се електрични возила со најдолга реална автономија на пазарот
Објавено на 23 јули 2018 година

AutoBest, најголемото европско автомобилско жири и водечкиот шпански автомобилски on-line медиум coches.net, во соработка со Barcelona-Catalunya Circuit, го организираше првиот независен европски тест за електрични возила. Професионалните авто новинари на AutoBest возеа десет електрични возила достапни во Европа (сите со повеќе од 200 километри хомологирана WLTP автономија) за да одговорат на критичното прашање кое луѓето го поставуваат при купување електрично возило: Која е автономијата што можам да ја очекувам во вистинска употреба ако купам електричен автомобил?

„Најважниот резултат на овој компаративен тест е за вистинската автономија од повеќе од 200 km за сите десет возила што се продаваат во Европа денес. Ова растојание е далеку од секојдневното патување во Европа, со што било кој од овие автомобили е погоден за секојдневно возење. Тоа е круцијално достигнување на автомобилската индустрија кое го сигнализира крајот на анксиозноста на автономијата“, рече Дан Варди, основач и претседател на AutoBest. „Понатаму, не помалку од 4 возила надминаа 300 km вистинска автономија – двата модела на Tesla, Model S и Model X, Opel Ampera-e и Jaguar I-Pace – извонредна вистинска автономија која може да понуди одлична електромобилност. Ова е веќе големо достигнување на електричните возила. Убедени сме дека ова ќе биде норма од сега па натаму. За компаративниот тест на електричните возила следната година очекуваме поголем број од нив да имаат повеќе од 300 km реална автономија!“, додаде Варди.

Електричните возила беа возени во реални услови – на автопат, отворен пат и во урбана средина

Хоан Далмау, уредник на coches.net и шпански член на жирито на AutoBest, додаде: „Бевме изненадени од некои автомобили што ги постигнаа и дури ги надминаа бројките на WLTP. Вистинската автономија добиена во овој тест, еволуцијата на станиците за полнење и брзината на полнење со брзи полначи ги претвораат електричните возила во реална алтернатива, како во урбаната средина, така и за користење на автопатишта“.

Некои од тестираните модели како што се Hyundai Ioniq, BMW i3, Kia Soul EV, Volkswagen e-Golf или Opel Ampera-e, ја постигнаа па дури ја надминаа нивната хомологирана WLTP автономија. Другите модели, како што се Renault Zoe или Model S и Model X на Tesla, надминаа 90% од својата потврдена WLTP автономија, оставајќи ги Nissan Leaf и новиот Jaguar I-Pace да се рангираат пониско во ‘AutoBest Index 1’ од хомологираните податоци.

 После возењето по предвидената маршрута, возилата ги дотрошија батериите на патеката Барселона-Каталонија

Со овој настан, AutoBest воведува два нови индекса посветени на електричните возила. ‘AutoBest EV Index 1’ го претставува процентот на реалната автономија наспроти хомологираната според WLTP. Вториот, ‘AutoBest EV Index 2’ се фокусира на ефикасноста на батериите, што укажува на вистинска автономија за секој kWh на батериите. „Ова се првите два индекса што ги предложи AutoBest за да даде нова перспектива за ефикасноста на електричните автомобили. Подоцна ќе воведеме и понова и нелинеарна проценка, за да направиме споредба помеѓу автомобилите од различни сегменти. Тоа е во согласност со нашата AutoBest Credo стратегија објавена во февруари минатата година за време на AutoBest Gala во Лисабон, Португалија“, изјави Дан Варди.

Kia Soul, Volkswagen e-Golf и Hyundai Ioniq се првите тројца на AutoBest EV Index 1, бидејќи сите ги надминуваат ‘официјалните’ предложени автономии, што е одличен резултат за потрошувачите. На ‘AutoBest EV Index 2’ најдобрите три автомобили беа BMW i3, Hyundai Ioniq и Renault Zoe. Сите резултати и AutoBest индексите се дадени во табелите.

Заклучоци од тестирањето на реалната автономија:
– Автомобилите на Tesla (Model S и Мodel X) се електрични возила во продажба со најголема автономија (повеќе од 400 km и за двете). Моделите користени во овој тест беа од верзијата 100, со батерии со капацитет од 100 kW/h. Двата модела исто така се достапни и со батерии од 75 kW/h (верзија 75).
– Половина од автомобилите ја постигнаа хомологираната WLTP бројка која покажува дека овој протокол е поблиску до реалноста во споредба со претходниот NEDC циклус. WLTP е задолжителен за сите патнички возила што се продаваат во Европа од 1 септември 2018 година.
– Jaguar i-Pace и Nissan Leaf се моделите чии резултати се со помала вистинска автономија од хомологираната според WLTP. Jaguar беше единствениот автомобил на тестот кој не беше од редовно производство. Тест-примерокот беше прототип возило користено на европската новинарска презентација, со софтвер на прототипно ниво, без последната развојна еволуција.
– Hyundai Ioniq и Volkswagen e-Golf се електрични возила со повеќе од 200 km автономија што трошат најмалку, нешто повеќе од 12 kW/h.
– Еколошките услови, стилот на возење, полнењето на батериите, употребата на некоја опрема како систем за климатизација и сообраќајните услови се критични фактори во мерењето на автономијата. Треба да се зеде предвид дека е можно да се постигнат подобри резултати со користење на еколошкиот режим на некои автомобили, повнимателно возење и некористење на климатизацијата, но целта на овој тест беше верно да се репродуцираат вообичаените сообраќајни услови во околината на голем град, во вистински ситуации во кои просечниот сопственик ќе го користи возилото.

 Потребното време за полнење на батериите многу зависи од брзината на полначот

Дан Варди, претседател на AutoBest, објаснува: „Ова не беше тест за перформансите или возните својства, ниту пак тест за максимална автономија. Нашата цел беше да ја провериме вистинската автономија на сите овие модели за да дознаеме колку е таа далеку од објавените податоци според WLTP (и во споредба со стариот NEDC) и да им покажеме на потенцијалните корисници на овие возила каква вистинска автономија можат да очекуваат ако купат електричен автомобил. Сепак, AutoBest не тврди дека објавените бројки се вистинската автономијата на просечниот возач од Европа, гледано од научен пристап. Бројките за овој тест се само за референца, тие се автентични и ја претставуваат реалноста на нашиот тест спроведен во околината во Барселона. Во рамките на нашиот EcoBest Challenge проект, исто така, работиме на подобрување на тестот за следната година на научен начин“.

Конечни резултати од тестот:

*проценета автономија според WLTP. За овие автомобили сé уште нема официјални податоци
*1NEDC процедура
*2WLTP процедура. Задолжително за сите нови автомобили во Европа од 1-ви септември
*3 %WLTP од просечната реална автономија наспроти хомологирана според WLTP протоколот

Технички спецификации

За првиот независен компаративен тест на реалната автономија на електричните возила:
Тестот започна и заврши на патеката Барселона-Каталонија, каде што исто така батериите на автомобилите беа полнети. Сите возила што се користеа беа производствени модели (освен Jaguar, прототипна претпроизводствена единица со софтвер на прототипно ниво), тестирани со едно лице во возилото, систем за климатизација и притисок во пневматиците според препорачаните вредности.
Мешано возење: пат, автопат и урбана средина
Сите автомобили се возеа на истата релација од 180 km по автопат, отворен пат и во урбана средина. Автомобилите со продолжена автономија имаа ново возење со слични карактеристики. Сите автомобили се користеа во нормален режим (без Eco или Sport режим), и сите беа опремени со мерни уреди од Blunik. Ова парче хардвер се користи во регуларните релија и е познато по својата прецизност при мерењето на растојанија.
Возачите ги менуваа автомобилите на 30-40 km за да се избегне влијанието на стилот на возење во конечните резултати. Сите возеа во конвој зад водечкиот автомобил кој ја предводеше точната маршрута и ја диктираше просечната брзина.
AutoBest и coches.net го извршија тестот двапати за да се добијат две различни мерења и да се добие просечната автономија. Двајца инспектори од Bureau Veritas го следеа тестот за можна официјализација на ваквите тестови во годините што доаѓаат.
Сите автомобили влегоа на патеката Барселона-Каталонија со преостана автономија од помалку од 50 km и возеа со просечна брзина од 70 km/h, сé додека индикаторите за нивото на батериите не покажаа 0%. Потоа, автомобилите сé уште возеа додека не застанаа целосно.

За AutoBest
AutoBest организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт на „Best Buy автомобил“, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. Вкупно 31 европски нации сега се претставувани во жирито, покривајќи огромно мнозинство од населението во Европа. За еден автомобил да стане AutoBest победник, мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AutoBest жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

За www.coches.net
coches.net е медиум за шпанскиот автомобилскиот пазар и најголемите автомобилски фанови. Со 13 милиони посети и повеќе од 200 милиони прегледани страници месечно, coches.net е лидер меѓу медиумите со автомобилски содржини во Шпанија и е сопственик на водечкиот Youtube канал во земјата со повеќе од 4 милиони прегледи месечно. Coches.net исто така го вклучува сајтот motos.net. coches.net е во сопственост на Schibsted Spain, најголемиот огласник и компанија која нуди работа во земјата. Раководи со брендовите coches.net, vibbo, InfoJobs, fotocasa, habitaclia, motos.net и milanuncios и е дел од норвешката Schibsted Media Group, присутна во 22 земји и со 7.300 вработени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER