Volkswagen Touareg 2019 :: Премиерата во Пекинг

Премиерата во Пекинг

После најмалиот, на ред е најголемиот – Volkswagen годинава ќе го претстави новиот Touareg
Објавено на 12 февруари 2018 година

Кросоверите не се повеќе осамени ѕвезди на небото на Volkswagen. Се множат еден по еден но ни првиот не се заборава. Така после осум години поминати на пазарот дојде ред за нова генерација на Touareg, која како и претходникот ќе биде претставена на салонот на автомобилите во Пекинг. Ќе биде поставен на MLB Evo платформата како и Audi Q7, Bentley Bentayga, Porsche Cayenne и Lamborghini Urus, која ќе го направи поголем и полесен а со тоа и поекономичен од сегашната генерација. За тоа ќе придонесе и новата гама мотори во која ќе се најде и plug-in хибридна верзија. Изгледот делумно ќе биде инспириран од T-Prime GTE концептот, додека во значително попространата внатрешност се очекуваат повеќе луксуз и модерна опрема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER