Премиера – VW Taigo

насловна Новитети

Во ритам на самба и фламенко!

Последниот во редот кросовери на VW го потенцира Латино карактерот

објавено 30. јули 2021

Постојат многу историски паралели помеѓу Германија и Бразил, а најсилната е производството на возила со знакот на VW. Досега имало обиди да се пласираат тамошните модели кои се од фамилијата на субкомпакти во Европа. Се сеќаваме многу добро на Fox, а сега доаѓа Taigo кој ја продолжува традицијата на буквата „Т“ во семејната номенклатура во Волфсбург.

Taigo, T-Cross, T-Roс, Tiguan, Tuareg, сите тие се теренски ориентирани модели. Кросовер купето Taigo е поставено на големи тркала и долго меѓуоскино растојание. Со должина од 4,27 метри, ширина 1,76 метри и висина 1,50 метри, припаѓа на сегментот А0, заедно со своите стабилни придружници Polo, Т -Roс и SEAT Arona, само делува далеку потемпераментно. Иако доаѓа од далеку Taigo е наоружан со најновите технологии. Стандардно опремен со целосни LED фарови, целосно дигитални кокпити и инфозабавни системи од најновата генерација (MIB3).

На германскиот пазар, Taigo веќе има нова генерација на асистенти со систем за предупредување за излегување од лента или систем за предупредување од судир вклучувајќи ја и градската функција за итно сопирање што на око ги држи и велосипедистите. Како дополнителна опрема се нуди IQ.DRIVE патна помош. Со оваа опција, новиот автоматски контролор на растојанието и асистентот за одржување на  смерот во лента се спојуваат во нов систем со што се овозможува делумно автоматизирано возење до максимална брзина од 210 км/ч. Од страна на естетиката во игра се четири линии на опрема и тоа Taigo, Life, Style и R-Line како и осум бои на каросеријата со можност да се комбинираат со контрастен црн покрив во опција. Робусноста ја зголемуваат тркалата од 16 и 18 инчи.

Погонот од бензинските мотори се пренесува само на предната оска. На понуда се две 1.0 TSI трицилиндерски единици со сила од 95 и 110 коњи додека 150 коњи испорачува 1,5 литрениот TSI со четири цилиндри. Во зависност од моторот, менувањето на брзините се врши рачно преку пет или шест степен менувач и седумстепен DSG. Конструиран во Бразил, Taigo за Европа ќе се понуди на есен од монтажната линија на фабриката за Polo во Помплона, Шпанија.