Премиера – VW ID. Buzz

Ретро дизајн и модерна технологија

Беа потребни повеќе од четири години додека да биде претставен во сериска верзија на ID. Buzz

По серијата обесхрабрувачки вести од германската автомобилска индустрија, конечно една убава. Флотата електрични возила со батерија (БЕВ) од Волфсбург доби нов член. За разлика од постоечките ID изведби, наследникот на легендарното комбе „Були“ има ретро дизајн, но со нив ја дели платформата.

Новото издание на класичното комбе на VW нуди по нешто за секого, за носталгичарите врска со историјата, за пионерите на „транспортната револуција“ нов електричен автомобил, а всушност, тоа е практично и функционално возило. E-Buzz ќе биде достапен во две јасно диференцирани варијанти. Првата е пространо комбе за испорака на карго со две или три седишта и како весел транспортер на патници со пет седишта. Со должина од 4,71 метри, ширина од 199 сантиметри и висина од 194 сантиметри, ID Buzz не е компактен, но во никој случај не го надминува стандардот за превозници на луѓе и комбиња за достава. Бројните камери и системи за помош не само што помагаат да се одржи на вистинскиот пат во динамични ситуации, туку и го олеснуваат елегантно маневрирање низ градот.

Електромоторот и батерија сместена во подот на возилото се идеални за формирање на функционална внатрешност, а дополнителен простор ќе се понуди кога во 2023 година ќе дојде до еволуција со продолжено меѓуоскино растојание за 250 мм и посилен мотор за 52 kW. Батеријата од 77 kWh го напојува добро познатиот електричен мотор од 150 kW, кој релативно брзо го придвижува ID. Buzz на батерии до ограничената брзина од 145 km/h. Автономијата е околу 500 километри.

Палетата на Cargo во иднина ќе биде проширена со помала и поеколошка батерија. Истовремено, тоа ќе значи дека ID. Buzz, покрај основната верзија со пет седишта, добива и верзија со седум седишта во формација 2-3-2, а двете лизгачки врати ќе бидат во стандардна конфигурација на двете меѓуоскини растојанија. Од Volkswagen напоменуваат дека и покрај изгледот кој асоцира на ретро и веселост, ID. Buzz е исклучително технолошки напредно возило и многу безбедно.

Тоа ќе биде првиот Volkswagen кој ќе има систем за автономно возење на ниво 4, а како пример за супериорна безбедност, меѓу другото, има воздушни перничиња кои ги штитат градите кои се инсталирани во седиштата. Задниот дел и товарниот простор се достапни преку странични лизгачки врати и голема задна врата, која во изведбата Cargo може да се замени со двојна врата. Количината на простор е импресивна. Со преклопени задни седишта се ослободуваат 2.205 литри, а Cargo има простор за складирање од неверојатни 3,9 кубни метри. Комерцијалното лансирањето на пазарот ќе се случи есенва, а нарачките ќе се започне да се примаат веќе во мај. Ако ID Buzz се продава како што би сакале неговите креатори, тогаш тоа ќе биде добра вест и за VW и неговата фабрика во Хановер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER