Премиера – Mazda CX60

Гласник на промени!

Новиот модел од Хирошима има типичен изглед за марката, но поставен е на нова платформа со погон на задната оска

Иако однадвор не изгледа воопшто ново и наликува на веќе добро познатите модели на овој бренд, Mazda CX60 ги крие најголемите новитети под својата каросерија. Поставена е на целосно нова платформа со долгото име „Skyactiv Multi Solution Scalable Architecture“. Со други зборови, јасно е дека се работи за платформа која е лесна, но и прилагодлива на другите модели. Секако најинтересниот податок за оваа платформа е фактот дека станува збор за погон на задните тркала и истата ќе биде употребена за идната лимузина Mazda 6. CX60 ќе биде и првиот plug-in модел на Mazda со i-Active AWD, пренос на сите тркала, со основен погон на задните.

Плаг-ин хибридната верзија ќе биде првата што ќе се појави на пазарот, а ќе користи комбинација од атмосферски 2,5-литарски бензински и електромотор. Mazda наведува дека бензинскиот мотор обезбедува 189 КС и 261 Nm, додека електромоторот има 136 КС и 250 Nm вртежен момент. Во комбинација тие испорачуваат 328 КС и над 500 Nm. Затоа, не е чудно што фабричките податоци најавуваат забрзување до 100 km/h за само 5,8 секунди. Максималната брзина е ограничена на 200 km/h, додека на струја е ограничена на 140 km/h. Литиум-јонската батерија е релативно голема, со капацитет од 17,8 kWh, а според најавата ќе обезбеди до 65 километри електрично возење. Во однос на димензиите, Mazda CX60 е релативно голем крос-овер со должина од 4.745 mm, и меѓуоскино растојание од 2.870 mm.

Иако тежината е проблем на сите PHEV погони, Mazda успеа да направи релативно лесна конструкција, па на вагата CX60 е нешто помала од два тона. Долгата хауба најавува и дека CX60 е подготвен за она што одамна го најавуваа од Mazda, а тоа се надолжно поставените во линиски шестцилиндричен бензинец и дизел со исто толку цилиндри. Под името Skyactiv X, бензинецот треба да има волумен од 3,0 литри, а Skyactiv D дури 3,3 литри. Двата ќе имаат помош од благ хибрид на 48 V. Сите три погонски опции ќе користат сосема нов осумстепен автоматски менувач. За полнење на батеријата не е обезбедена голема моќност, само до 7,2 kW, но Mazda не прецизира колку долго ќе трае полнењето.

Кога станува збор за ентериерот, како и многу други, се сврте кон дополнителен луксуз, и елиминирање на речиси сите прекинувачи. Повеќето функции на возилото се контролираат преку екран на допир од 12,3” или ротационен бирач. Интересно е што дигиталната инструмент табла има идентична дијагонала од 12,3 “. Засега е најавено дека Mazda CX60 ќе се продава со четири пакети на опрема со почетна цена повисока од 47.000 евра. Следниот модел кој Mazda го најавува ќе се појави во следните две години, а ќе биде малку поголем седумсед под ознаката CX80.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER