Премиера : Audi – A8L

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Дотерување за истокот

Рестилизирањето на А8 открива нови амбиции за луксуз

Вториот дел од животниот век на актуелниот А8 започнува со фејслифтинг. Предимство има кинескиот пазар кој станува се поважен за „Господарот на прстените“ Тоа го потврдува статистиката која забележи дека дури 60 отсто од продажбата на А8 се одвива таму.

Затоа, не е изненадување што новата врвна верзија наречена A8 L Horch ќе биде понудена само таму. Инаку, како идеја да се воздигне суб-бренд по примерот на Mercedes-Maybach S-Class не е нова. Секогаш имаше независни предлози за дизајн, па дури и кога се развиваше првото Audi A8 беше предложено  врвната верзија со моторот W12 да го понесе името Horch. Сега дојде време за тоа. Најскапиот и најдобар А8 ќе го понесе славното име.

 

Веќе целосно развиената би-турбо варијанта на W12 моторот, сепак, стана жртва на политичката коректност. Визуелно, врвниот A8 го карактеризира решетката со нагласено вертикални хромирани ленти. Ознаката „L“  укажува дека неговото тело е продолжено за 13 сантиметри, панорамскиот покрив е поголем, има посебни бандажи и повеќе хромирани површини. Задното десно седиште, вели Audi, не треба да го надмине ниту еден конкурент. Под ревизија се подвргнати и пообичните варијанти на А8. Технички белег се LED матричните фарови, од кои секој работи со 1,3 милиони микроогледала. Обновена е и светлосната графика на задниот дел.

Испод испакната хауба на A8 55 TFSI има 3,0-литарски V6 со 340 КС и 4,0-литарски V8 со 460 КС во 60 TFSI. Следува економичен и чист 3.0-литарски V6 TDI, како и Plug-in хибрид кој нуди придобивки за економичноста на горивото, особено во сообраќајот на кратки релации. Споменатиот W12 нема да биде оживеан за Horch. Исто така, повеќе нема да има S8 Plus верзија со зголемена максимална брзина. Амбициите на Audi се од 2025 година да се претстави заменикот на А8 кој треба да биде изведен од студијата Grandsphere. Сепак, во Инголштад не се осмелуваат директно да го заменат A8. Велат дека ќе бидат „флексибилни“ и веројатно двата ќе се нудат паралелно долго време.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER