Предизвикувачот
Со очекуваната лимузинска верзија, Volvo ја заокружи серијата 60
Објавено на 21 јуни 2018 година
Премногу се споменуваше за да кажеме дека ни е сосема нов, но сепак Volvo S60 донесува некои нови работи. Дизајнот, на пример, изгледа познато но суптилно во детали е обработен за да на пазарот донесе нова свежина со која S60 ќе ги предизвика владетелите на средната компактна класа – германските премиум-лигаши C-класата на Mercedes, серијата 3 на BMW и Audi A4, но и Lexus IS, Jaguar EX, Infiniti Q50, а во САД каде ќе се произведува и Acura TLX и Cadillac ATS.
видео