Порше Македонија – Turbo DC

Македонија насловна

Лидер во електрификацијата

Инсталирани првите најмоќни полначи за електрични возила во државата

објавено 02. јуни 2021

Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.  Ова е дополнувње на постоечките четири станици за полнење на електрични и хибридни возила, три со моќност од  11kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Новите две станици се Turbo DC полначи со капацитет од 320kW со што во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.  Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Porsche, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути!

“Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра” изјави д-р. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

Во рамките на понудата на електрични и хибридни возила, компанијата веќе ги нуди моделите Porsche Cayenne e-hybrid, Panamera e-hybrid, Porsche Taycan, Volkswagen e-up, Volkswagen Passat GTE и Volkswagen ID.3. Моделската офанзива ќе биде засилена во текот на оваа година во која Порше Македонија планира почеток на продажба на повеќе електрични модели како: светскиот автомобил на годината новиот Volkswagen ID.4, Porsche Taycan Cross Turismo, ŠKODA Enyaq, Audi e-tron и голем број на хибридни возила, базирани на постоечките модели кои се дел од понудата на компанијата.

Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата. Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани полначи на клучни точки низ целата држава: во главниот град во хотелите Bushi, TCC Grand Plaza и Panoramika, но и низ неколку градови низ државата: хотел Unique во Охрид, хотел Moderna во Демир Капија и Casino Hotel Flamingo во Гевгелија, каде клиентите кои возат хибридно или електрично возило можат да ги полнат своите возила.