Има ли подобар начин за претставување нов модел отколку со рекорд?
Porsche го направи токму тоа но со два рекорда кои ги постигна најмоќниот Taycan од нивната кујна. Изведбата Turbo GT има 1.108 коњски сили и за спринт до сто му требаат 2,3 а до двесте 6,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 305 километри на час.
За уште поимпулсивни резултати подготвена е посебна олеснета серија Weissach која како од шега ги покори патеките во Лагуна Сека и претходно на Нирбургринг. Така, Porsche Tycan Turbo GT на „зелениот пекол“ стана и најбрзиот електричен автомобил и воедно најбрзата лимузина. Тајната лежи во посебната технологија со пулсен инвертер која кон задната оска испраќа повеќе струја и вртежен момент.
За оние кои ќе го возат цивилизирано, Porsche ветува автономија од 555 километри. Првите примероци на купувачите кои за нив ќе платат по 240 илјади евра ќе бидат испорачани веќе оваа пролет.