PAL-V – Зелено светло за производство

Доаѓа летечкиот Холанѓанец

Некогаш фикција, сега веќе се гледа почетокот на секојдневното користење на автомобилите што ќе бидат и воздухоплови воедно.

Холандската компанија PAL-V веќе неколку години го најавува летечкиот автомобил, а сега ги поседува  одобренијата за производство во автомобилската и воздухопловната индустрија потребни за производство на своите производи на индустриско ниво. Ова одобрение ѝ дава овластување на PAL-V да произведува производи за воздухопловство според прописите на EASA и означува значаен чекор кон пласирање на пазарот на сертифицирани решенија за мобилност FlyDrive.

Без разлика дали станува збор за спасување животи, распоредување специјалисти на оддалечени локации или транспорт на критични стоки, традиционалните решенија за мобилност ги принудуваат операторите да избираат помеѓу, или да комбинираат, патен и воздушен транспорт.

Производите на FlyDrive се единствените возила способни да транспортираат професионалци со брзина на лет, а воедно нудат флексибилност на автомобил веднаш по слетувањето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER