Porsche Macan – Македонска премиера

Се чувствува како Porsche, се вози како Porsche

На прекрасен настан во Скопје, Порше Македонија го лансираше новиот целосно електричен Macan. Гостите беа почестени со воодушевувачки поглед на градот додека се восхитуваа на врвниот дизајн на Macan и возбудливите перформанси.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта споделувајќи увид кон визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, нагласувајќи ја важноста на одржливоста без компромиси за перформансите: „Живееме во време на трансформација, каде светот се движи кон поодржлива иднина. Во Porsche, ова не го гледаме како предизвик, туку како можност да ги поместиме границите на она што е можно. Нашата посветеност на иновациите, перформансите и одржливоста не доведе да создадеме возило што поставува нов стандард на пазарот на електрични SUV. Новиот Macan не е само уште еден електричен автомобил – тоа е Porsche. Вистински спортски автомобил во срцето, кое нуди возбудливото возачко искуство што го сакаат ентузијастите на Porsche, сега придвижувано од најновите достигнувања во електричната технологија“.

„Електричниот Macan е Porsche, се чувствува како Porsche, се вози како Porsche. Електричната платформа не ја одзема суштината, туку ја подобрува и ја нагласува. Ние сме горди на тоа што претставува Macan – симбол на нашата посветеност за поместување на границите и создавање на иднина каде што електричната мобилност носи возбуда, ефикасност и непогрешливост“ – изјави Винко Марашевиќ, бренд менаџер на Porsche.

Вечерта поттикна длабоки разговори помеѓу автомобилските ентузијасти, лидерите во индустријата и претставниците на медиумите, сите собрани да го прослават наелектризираниот напредок на Porsche кој смело и со сигурни чекори го продолжува своето патување кон електричната мобилност, носејќи повозбудливи модели на својата посветена база на фанови и клиенти. Нагласувајќи ја посветеноста на Porsche за електрификација и одржливата иднина, вечерта ја разубави и иконскиот Taycan.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER