Porsche ги брка дизелите од гамата

Porsche ги брка дизелите од гамата

Нивното место ќе го заземат електричните и хибридните возила
Објавено на 21 февруари 2018 година

Од Porsche стигнуваат вести дека компанијата дефинитивно ќе се прости од дизел моторите и целосно ќе се посвети на електриката. Вакво нешто беше за очекување, но сепак целата работа се чини малку избрзана. Причината за тоа лежи во дизелгејт аферата, од која Porsche успеа да се извлече без некои значајни последици. За да нема ризик по иднината на марката, одлуката за идниот развој во целост натежна кон електриката. Бркајќи ги дизелите од понудата прв на удар се најде новиот Cayenne, а ќе се следат Panamera и Macan. Тоа и нема да биде така страшно бидејќи дизелите опфаќаат само 15% од глобалната продажба на компанијата. Иако добар дел од стратегијата за развој официјално не се коментира, сепак се знае дека електричната иднина на Porsche ќе биде осигурана со инвестиции од шест милијарди евра.

Porsche Mission E Прв модел кој веќе има започнато да ги троши тие пари е Mission E, чија сериска верзија треба да биде претставена наредната година. Од него во голема мерка зависи правецот во кој тече развојот на гамата. Додека се чека на издржани заклучоци од неговото прифаќање на пазарот, улогата на еколошки промотори ќе ја имаат неколку хибридни модели. Технологиите со кои сега се располага ветуваат доста, но сепак вистинското позиционирање треба да дојде со нешто сосема ново. Во поглед на тоа сите се согласуваат дека хибридното издание на 911 ќе даде најсилен акцент за зацврстување на намерите на германскиот производител. Но од таму се децидни – такво нешто најрано ќе биде подготвено за 2023 година, додека чисто електрична верзија на 911 би можела да се појави дури за десетина години. Доволен интерес за него постои, но раководството на Porsche јасно има изјавено дека иако можат да го понудат уште сега не сакаат да го сторат тоа бидејќи сметаат дека тежината на батериите е преголема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER