Porsche ја менува електричната стратегија

И покрај заложбите за електрификацијата, бензинските модели остануваат

Лошите финансиски резултати за кои се смета дека се последица на предвремената електрификација го примораа и Porsche да ја смени својата стратегија. Така во иднина покрај електричните модели ќе опстанат и нивните бензински изведби, иако технички гледано тие нема да бидат исти. Одложено е и лансирањето на некои нови електрични модели како што е Cayenne, кој сепак ќе доживее ново издание во бензински и хибридни верзии. За Macan веќе знаеме, Panamera ќе опстане барем до 2030-тата, а и новите Boxster и Cayman кои изворно се планирани само како електрични ќе добијат и бензински мотори. Во ова огромна одлука имаат и промените на американскиот пазар каде администрацијата на претседателот Трамп одлучи дебело да ја скрати финансиската поддршка за зголемување на продажбата на електричните автомобили.

Патот до целосната електрификација ако таа воопшто се случи, ќе биде долг и тежок – групата Volkswagen проценува дека нејзините досегашни заложби за тоа ќе резултираат со губитоци и до 5 милијарди евра од кои скоро една отпаѓаат на Porsche.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER