Лошото време и сложените услови за возење не го намалија задоволството да се биде зад управувачот на ергелата од Штутгарт „тешка“ 2.500 коњи
Порше центар Скопје повторно беше домаќин на караванот сочинет, овој пат, од пет модели на својот принципал. Во понудата на Porsche се подготвуваат многу новини кои допрва ќе бидат комерцијализирани, па оправдано е што тие не беа дел од флотата на одржаниот Porsche Driving Experience. Овие настани се своевиден спектакл.
Ѕвезда на караванот сочинет од 911 Turbo 4S, 911 Targa 4Ѕ, 917 Boxter и Macan 4S, беше новиот Cayen Coupe Turbo Hybrid 4Ѕ со спектакуларни 740 коњи. Иако временските услови не беа наклонети за потполно уживање во возењето, тие не успеаа да го нарушат впечатокот за несекојдневното дружење. А тоа беше, повторно, доживување за помнење. Рутата, од Порше Центар Скопје до Пелинце и назад, беше полиена со обимни врнежи од дожд и големи количини вода на нашите патишта. Во инает на овие услови „петте витези“ ги покажаа сите свои карактеристики и доблести. Секој од нив изобилуваше со сила.
Најслабиот имаше 350, а најсилниот 740 КС, но секој поединечно не увери во супериорната техника на Porsche. Без оглед дали се работеше за погон само на задната оска (917 Boxter) или на сите тркала опремени останатите четири модели, покрај возните својства и динамика, се истакнуваа со стабилност и лесна управливост. На ова возачко уживање дополнителен зачин додаде аудио спектаклот. Компанијата Porsche е посветена на електрификацијата и наскоро на сите свои модели ќе им додаде хибриден погон. С
епак, со своите големи инвестиции во развојот на синтетички горива активно работи на сочувувањето на моторите на согорување, притоа значајно да ги намали штетните издувни гасови. Тоа како да сакаше да ни го порача со изборот на модели што ни го понуди. И затоа, капата долу. Само моторите на согорување го даваат звукот од кого задоволството на возење автомобил е потполно. Буквално во сите од нив тоа го доживеав, резонанцата што удира во ушите, ја ежи кожата и ги разигрува пеперутките во стомакот.
Дури тоа го постигна и Cayen Coupe Turbo Hybrid 4Ѕ чиј приоритет беше погонот на струја, но кога ќе се нагазеше педалата за забрзување го нагласуваше прекрасниот баритон на цилиндрите и раскошните 740 КС. Мој адут остана 911 Turbo 4S која е она што секој вљубеник во Porsche ја поскува. Вистинско седење, 650 коњи, секавични забрзувања и неприкосновена контрола над возилото се нудат на возачот. Ќе бидам себичен и доживеаното ќе го чувам за себе. Посакувам Porsche Driving Experience да се случи што поскоро.