Porsche Cayenne GTS » Спортското пред луксузот

Top News Новитети

Спортското пред луксузот

Кога се појави во 2003-тата Cayenne по многу нешта беше прв модел во гамата на Porsche, затоа и брзиот успех му беше загарантиран

Објавено на 12 јуни 2020 година

Cayenne меѓу другото беше и прв Porsche со V8 мотори после пензионирањето на 928. Но под притисок на екологијата, тие во 2014 година беа исфрлени од понудата во која таков остана само прескапиот Cayenne Turbo. Porsche конечно го исправи ова и на купувачите кои повеќе претендираат кон спортските карактеристики место кон луксузот им ја понуди GTS верзијата. Лансирана под слоганот „Повеќе отколку што сакате“, таа е украсена со црни детали на екстериерот, затемнети светла, аеродинамичен пакет и поголеми тркала. Зад нив се наѕираат црвените клешти на сопирачките дискови кои можат да бидат и карбон-керамички, а ослонувањето е спуштено за 20 милиметри. Во внатрешноста доминира алкантарата со контрастни црвени шевови, а  седиштата се поспортски обликувани.

Најважното сепак е четирилитарскиот твин-турбо V8 мотор со 460 коњски сили, кои преку осумстепената автоматика ќе го дотераат Cayenne GTS до 270 километри на час и забрзаат до првите сто за 4,5 секунди. Sport Chrono пакетот и посебно подесената електроника ќе ја заокружат приказната вредна 114 илјади евра во Германија, на кои за купе верзијата ќе треба да се додадат уште четири ипол илјади. Производството во фабриката на групата во Братислава веќе е започнато, а испораките ќе стартуваат на почетокот на идниот месец.

 

клучни зборови: ,