Porsche 911 Carrera » Директен потомок на оригиналот

Директен потомок на оригиналот

Porsche ја претстави основна верзија на 911 Carrera

Објавено на 1 август 2019 година

Семејството на Porsche 911 Carrera брои 24 члена – за секого по нешто, па дури и малку повеќе од тоа. Но само еден може да каже дека е директен потомок на оригиналот, и тоа осмо колено. Тоа е основната верзија која нема додадено ниту букви, ниту бројки во ознаката, ако не ги сметаме описните зборови купе и кабриолет на верзиите во кои ќе доаѓа. Изгледот ни е познат, а трилитарското боксер битурбо срце од своите шест комори испумпува 385 KS, за 15 повеќе од својот претходник. Ги споделува своите врвни стандардни карактеристики практично непроменети од 911 Carrera S, кои вклучуваат 10,9-инчен дисплеј на допир, сеопфатна поврзаност и иновативни системи за помош како што е Porsche режимот за мокра подлога кој овозможува уште побезбедно возење на влажните коловози.

Како и кај 911 Carrera S, моторот, подвозјето и сопирачките се направени за ексклузивна динамика. Силината се пренесува со новиот осумстепен менувач со двојна спојка, кој му овозможува да постигне 293 km/h и да забрза до 100 километри на час за 4,2 секунди, кои со опционалниот Sport Chrono пакет се скратуваат за уште 0,2 секунди. Цената во Германија на купе изведбата изнесува 104.655 евра, а кабриолетот чини 14 илјади повеќе. Како нареден новитет Porsche ги вети неговите изведби со погон на сите четири тркала.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER