Малку повеќе од тоа што сите сакаат да биде
Дојде и тој момент – Porsche ја претстави новата генерација на 911
Објавено на 28 ноември 2018 година
„Porsche ја претстави новата генерација на 911″ – ова е насловот кој денеска ќе се најде на сите светски медиуми. Претставувањето на нова генерација на Porsche 911 е нешто што никој не може да не го одбележи. Германците посебно го искористија моментот закажувајќи ја неговата премиера на американско тло – таму каде парите се најмал проблем. Така, Лос Анџелес ѝ посака добредојде на 992 верзија на 911 чии разлики во дизајнот ќе ги забележат само добрите познавачи на моделот. Другите веднаш ќе кажат дека се работи за легендата, која веќе 55 години ги креира барањата на купувачите на спортски возила.
Но ако како и секогаш досега изгледот не се драматично разликува од претходникот, најголемите измени се под кожата. Во фокусот се новите технологии, заради што и Porsche ќе каже дека новиот 911 е помоќен, побрз и подигитален. Ние ќе ги прескокнеме дигиталните и ќе се задржиме на физичките корекции, кои кажуваат дена новиот 911 Carrera сега има мотор со 385, а Carrera S со 450 коњски сили. Тука ќе запреме со опишувањето на новиот 911, бидејќи за него уште ќе зборуваме.
Видео