Следете ја презентацијата на новиот 911 во живо
Не било седмо, туку осмо поколение на 911
Објавено на 27 ноември 2018 година
Во пресрет на премиерата, Porsche нé корегираше – не било седмо, туку осмо поколение на 911. Броевме и не можевме да ги наброиме сите изданија на Porsche 911, но ако ние можеме Германците немаат право на грешка. Токму затоа Porsche 911 е легенда без разлика за која генерација се зборува. Ние сега сепак ќе зборуваме за осмата генерација, која премиерно ќе се појави утре наутро, во пресрет на салонот на автомобили во Лос Анџелес, за што има обезбедено и директен пренос на следниот линк.
П.С. Сепак и во Porsche грешат – во најавата на директниот пренос пишува дека ќе започне денеска во 8 часот попладне по централно-европско време, но тоа всушност ќе биде во 5 часот наутро.