Bugatti Chiron Sport (со видео) :: Полесен, подинамичен, поскап

Полесен, подинамичен, поскап

Објавено на 19 март 2018 година

Тешко е да се замисли колку им беше напорна задачата на инженерите на Bugatti да креираат спортска верзија на Chiron, но тие го сторија тоа. За пожестока интерпретација на најексклузивниот автомобил на светот се грижат детали. Не се многу, но се филигрански дотерани така што Chiron Sport е за 18 килограми полесен. Има подобра аеродинамика и за 10 отсто потврдо ослонување кои му донесоа подобри возни својства. Погонскиот склоп остана истиот 8-литарски ѕвер со четири турбо компресори и максимални 1.500 коњски сили. Меѓу неговите технички податоци ќе се сретне и тоа дека при полн гас му требаат дури 60.000 литри воздух во минута. Преносот на силата е на сите тркала преку 7-степен автоматски менувач. Иако тежи полни два тона, до сто километри на час забрзува во ранг на формула 1 – за 2,5 секунди. Цената на Chiron Sport поставена на 2,65 милиони евра ветува и побогата и полуксузна опрема.

Bugatti Chiron Sport

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER