Porsche 911 Speedster и Taycan (со видеа) :: Поглед наназад кон минатото и нанапред кон иднината

Поглед наназад кон минатото и нанапред кон иднината

Одбележувајќи ја 70-годишнината од својот прв автомобил, Porsche фрли поглед наназад кон минатото и нанапред кон иднината
Објавено на 11 јуни 2018 година

Porsche своето минато го претстави со специјален концепт 911 Speedster, со кој се оддава почит на духовното наследство на легендарниот модел 356. Тој се произведуваше од ’48-мата до 65-тата година, кога после 76.313 примероци му го отстапи местото на 911. Неговата современа интерпретација е Speedster студија која можеби ни покажува како ќе изгледа идната генерација на 911. Верно доловувајќи ја изворната суштина на автомобилите од ова марка, спортскиот двосед се истакнува со ретро колорна шема, помали стакла и нови предни светла. Она што не се гледа се компонентите на каросеријата од јагленородни влакна, издувниот систем од титаниум и моторот со како велат повеќе од 500 коњски сили. Porsche Mission EМистериозноста околу него не треба многу да изненадува, за разлика од идниот предводник на гамата електричниот Mission E. Моментот на славје беше искористен да се промовира неговото пазарно име Taycan, кое би требало да значи пргав ждребец. Дека е пргав знаеме уште од 2015-та кога беше преставен заедно со својот 670-коњски електричен погон. Способен е за забрзување до 100 километри на час за 3,5 секунди, но и за автономија од преку 500 километри. Двата електромотора му обезбедуваат погон на сите тркала, а специјалниот брз систем за полнење за четири минути ги дополнува празните батерии со енергија за наредните стотина километри. Во производството на Taycan кое ќе започне наредната година Porsche ќе вложи половина милијарда евра. Уште толку ќе бидат потрошени за електрификација и хибридизација на останата гама.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER