Peugeot e-Traveller – Создаден за професионалци

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Поефикасен, поудобен, побезбеден и поелегантен, новиот Peugeot e-Traveller ги исполнува барањата за мобилност со нула емисија издувни гасови на професионалните возачи

Peugeot продолжува со обновувањето на својата комерцијална гама, сега со новиот Traveller кој како и Rifter го носи е-префиксот, што значи дека е електричен. Опишан како идеален придружник на сите професионалци кои бараат возило способно удобно да превезува поголем број патници и багаж за долги или куси релации, новиот e-Traveller доаѓа во две должини – стандардна од 4,98 и долга од 5,33 метри. Неговата висина од 1,90 метри значи дека можете да се влезе во повеќето паркиралишта. Прилагоден да ја исполни секоја потреба, тој е на располагање во верзии со меѓу 5 и 9 седишта, во зависност од барањата на купувачите. Но каква и да е изведбата, сите доаѓаат со врвна удобност кое кулминира со VIP нивото на опременост кое овозможува конфигурација со 4 независни седишта свртени едно кон друго, со високо луксузна завршна обработка и опрема меѓу кои и трозонска клима, затемнет стаклен покрив и друго.

e-Traveller е прилагодлив и практичен, со лизгачки и отстранливи седишта, полици во вториот ред, интегрирани ролетни за сонце и друго. Совршен е и за активности на отворено благодарение на напредниот Grip Control со Hill assist Descent Control, засилен систем за влечење при управување на површини кои пружат ниско ниво на отпор, на пример: песок, кал, снег и слично. Неговата комби доставна верзија e-Expert располага со максимум 9 седишта и се одликува со оптимизирана практичност. Оваа верзија е дизајнирана првенствено за секојдневен транспорт на кратки релации за мали групи луѓе. Тоа што е заедничко за сите верзии е нивниот обемен внатрешен простор, кој при дизајнирањето не е одземен за сметка на батериите сместени под подот. Во зависност од конфигурацијата, новиот e-Traveller може да превезува до 9 луѓе со волумен на багажникот до 1.500 литри, 5 луѓе и 3.000 литри волумен на багажниот простор, па дури има и верзија каде волуменот на товарниот простор во багажникот изнесува до 4.900 литри со слободно место за превоз на 2 или 3 лица. Автономијата е одредена од пакувањата на батериите кои ги  има две, со 350 километри кај поголемото.

Надоврзувајќи се на овие фундаментални квалитети, новиот e-Traveller оди чекор напред правејќи го овој модел едноставен за употреба, безбеден и ефикасен.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER