Peugeot – e-Partner

насловна Новитети

Партнер на струја

Partner е последен во РЅА што доби електрична верзија

објавено 26. јануари 2021

Напливот на електрични возила е голем, особено во категоријата на доставни возила. Во овој сегмент ”лавот од елисејските полиња” секогаш имал што да каже со широка лепеза производи. Еден од најпопуларните е Partner кој од неговото појавување во 1996 година до сега ја надмина бројката од два милиони примероци. Сега е најавен во потполно електрична изведба. Тоа не е никакво изненадување бидејќи ја користи истата платформа како неодамна претставените браќа Citroen e-Berlingo и Opel Combo-e. Поголемо изненадување е што предводникот на групацијата последен излегува со адекватен модел. Тој има стандарден електричен мотор со 136 КС (100 kW) под хаубата, што ги напојува сите електрични автомобили на PSA со батерија од 50 kWh. Веќе е познато дека максималната брзина е 130 км/ч и домет до 275 километри. Поради полесно прилагодување на потребите во возењето предвидени се три модуси на менаџирање на перформансите. Во Normal на располагање се 80 kW и 180 Nm комбинација што овозможува идеален компромис помеѓу автономијата и динамичните движења. Следува Еco со скромни 60 kW, но одлични 190 Nm кои ја оптимизираат потрошувачката на енергија со намалување на употребата на греењето и климатизација. Модусот Power ги мобилизира сите сили кога се испорачуваат 100kW и 260 Nm доволни за перформанси на возилото за поголем комфор во услови на  максимално оптоварување. Батеријата може да се наполни до 80 проценти за половина час на 100 kW станица за брзо полнење. Специјалниот систем за влечење Intelligrip е опционален. Официјалниот старт на продажбата не е објавен.