Многу аргументи за
Електричниот потсетник на 504 Coupe го стресе градот на светлината
Објавено на 2 октомври 2018 година
Постојат многу аргументи Peugeot e-Legend да биде прогласен за ѕвезда на салонот на автомобилите во Париз. Тој со својот ретро но сепак модерен шарм едноставно го стресе градот на светлината, потсетувајќи ги сите дека Peugeot како една од најстарите автомобилски марки има богата историја. Богата и помалку заборавена, која за жал, нема да биде наново родена кога е во прашање овој концепт. Французите засега одбиваат да го насочат кон иднината велејќи дека е само дизајнерска вежба. Навистина штета што од погоните на Peugeot нема да излезе нешто што би било еквивалент на овој концепт.
Затоа пак на технологиите во него веќе и е предодредена иднината. Најнапредните системи за автономно возење ќе ги вртат 19-инчните тркала таму каде ќе посакаат патниците, кои во неговата минималистички дизајнирана кабина ќе го кратат времето на патувањето со помош на големиот број дисплеи. Нив ги има точно 16 и во потполност ги имаат заменето конвенционалните команди. Електромоторите нудат 462 KS и 800 Nm кои се дистрибуираат на обете оски, а батериите од 100 kWh пред целосно да се испразнат ќе ве однесат 600 километри подалеку. После 25 минути пауза за полнење, тие ќе бидат подготвени за нови 500 километри, возејќи понекогаш и со максимална брзина од 220 km/h.